По долги најави

Маричиќ: Пред Нова година ќе ја имаме методологијата за прочистување во правосудството

На 28 декември Советот за реформи во правосудството ќе ја усвои методологијата по која ќе се изврши филтрацијата на судството и обвинителството, преку која Судскиот совет и Советот на јавни обивнители, како одговорни тела ќе направат прочистување во своите редови. Во периодот 2019 и 2020 година се разрешени осум судии, а согласно информациите од Судскиот совет има постапки за уште 83 судии, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ.

„Ако сакаме да успееме и да станеме модерна европска држава мора да има правда, еднаква за сите. Само така може да се зголеми довербата на граѓаните во судството и во обвинителството, а кон тоа е потребна и разрешница на крупни судски случаи „за големите риби", истакна Маричиќ во рамки на Конференција по повод Меѓународниот ден на човековите права организирана од ЦИВИЛ.
Министерот оцени дека е потребно да се испита во колкава мера има заташкување или намерно застарување на судски процеси, нешто што како проблем е нотирано во повеќе меѓународни извештаи.

Исто така тој оцени дека остатоците од „сваровски судството" му прават штета на македонското правосудство и дека затоа е потребно да се одвојат „чесните од нечесните судии".

„Има светло на крајот на тунелот. Не случајно Европската комисија има зборови за проактивната улога на Судскиот совет, а се однесува особено на делот на примената на новите правила за именување и унапредување на судиите, како и за утврдување на дисциплинската одговорност и нивно евентуално разрешување", рече Маричиќ.

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе