Маричиќ позитивен на ковид-19

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот профил на Фејсбук информира дека поради позитивен тест на ковид-19 нема да биде дел од владината делегација што од денеска е во официјална посета на Софија.

Маричиќ истакнува дека не чувствува никакви симптоми, но наведува дека како што наложуваат правилата ќе биде во изолација.

„За жал, нема да сум присутен и на првиот состанок на заедничката меѓувладина работна група за европска интеграција и зелени политики со која јас копретседавам, но останувам во комуникација со колегите Грковска, Нуредини и Алити, како и со моите бугарски колеги околу деталите и заклучоците од средбата", наведува Маричиќ.

Тој порачува дека започнуваме со нова динамика и отвораме нова можност со Република Бугарија на еден поинаков начин на меѓусебна комуникација и соработка, од која очекуваме унапредување на односите и надминување на разликите во интерес на граѓаните на двете земји.

„Давам целосна поддршка на процесот на продлабочување на соработката на сите нивоа и во сите области, како и зближување на двата народи, преку видливи резултати од функционирањето на работните групи", напиша вицепремиерот Маричиќ.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе