Иако веќе ја нема, од југословенската приказна се роди македонската држава. После столетно колебање дали постои или не постои македонската нација, беше прогласено нејзиното раѓање од страна на македонските и југословенските комунисти. Тогаш почнува нашата најнова историја и од неа нема да се откажеме зашто тоа би значело да се откажеме од себеси и да предизвикаме повторно посегање на околните држави по нашата земја и нашите души. За друго треба да бидеме спремни да разговараме и во светлината на новите факти да го менуваме мислењето. Таков ревизионизам на историјата кој почива врз нови факти, нови откритија и нови докази ѝ е потребен на секоја демократска земја која сака да живее во вистина. Потребен ѝ е и на Македонија чија историографија мора да се усогласи со светскиот и европскиот наратив за македонската нација, вели меѓу другото Малески во колумната за Плусинфо, која денеска во целост ја пренесува бугарската агенција БГНес, која неделава го реализираше интервјуто со премиерот Заев..
- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 82НОВИ / 24h
- 1 од 14
- следно ›
- Контакт