Куманово

Максим Димитриевски: Веќе подолго време ме следи полицијата на Оливер Спасовски

Ваква тортура никогаш не се правела. Ова е срам за македонската демократија, напиша на својот фејсбук-профил Максим Димитриевски, независен кандидат за градоначалник на Куманово, кој без никакво образложение бил застанат од полицаец.

„Веќе подолг период сум следен од од возило на Министерството за внатрешни работи. Денеска, одејќи на преглед на матичен лекар, земени ми се документоте од полицаец без никакво образложение. Претходно возилото на МВР беше возено од возачот на началникот на СВР Куманово Стојанчо Величковиќ. Нека му служи на честа и на господинот министер, а нека му служи на честа и на мојот поранешен другар, бидејќи ова не личи на ништо. Ваква тортура не се правела никогаш во македонската јавност.

Повторно граѓаните на Куманово ќе победат, поради ваквите недемократски принципи кои се спроведуваат. Потенцирам, снимам на јавно место, се снимам, за да нема никакви обвиненија дека сум снимал. Ова е срам за македонската демократија, срам за Оливер Спасовски. Еве како изгледа сообраќајот на оваа улица. Ова е врв на достигнувањата на МВРО кое отиде на квадрат. Ако мислите дека граѓаните ќе го поддржат ваквото дејство и самовластие на поединци од власта кои го узурпираа системот во државата, тогаш нека ви служи на честа“, вели во видеото Максим Димитриевски.

 

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе