Максим Димитриевски и „За наше Куманово” го отфрлија францускиот предлог и најавија учество и на парламентарни избори

Ќе формираме граѓанско движење кое задолжително ќе учествува на следните парламентарни избори, изјави актуелниот градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски. Тој синоќа за состанокот на извршниот одбор и на собранието на здружението „За наше Куманово” го одбија понудениот француски предлог за надминување на проблемите во спорот со Бугарија за почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.

„Предлогот е целосно неприфатлив и штетен, и директно навлегува во македонските национални интереси. Нема јасна формулација и гаранција за македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската историја и заштита на македонските историски настани и личности.

Како таков, прифаќање на овој француски предлог би претставувало невиден преседан и велепредаство на македонската држава, самоукинување на македонскиот јазик, нација и самобитност, за која многу македонски синови и ќерки го дале својот живот низ историјата бранејќи ја и создавајќи ја нашата татковина Македонија.

Како здружение кое е про-европски ориентирано, сметаме дека предлогот не ги содржи основните темелни вредности на европската цивилизација: правото на самоопределување и чувството за припадност на една нација, рамноправност, почитување на човечки и граѓански права, толеранција и правата на малцинствата.

Овој предлог, во ваква форма, не го отвара патот на Република Македонија кон исполнување на нашата стратешка цел, почеток на преговори и влез во Европската Унија. Напротив, ја остава можноста за долгорочна блокада од страна на Република Бугарија и претставува опасност за асимилација на македонскиот народ, т.е. бугаризација.

Отварањето на Уставот на Република Македонија и вметнувањето на бугарскиот народ во истиот е неприфатливо, затоа што нашиот сосед Република Бугарија не го признава македонскиот јазик и македонскиот народ. Тоа единствено може да се оствари по принципот на реципроцитет и обострано и взаемно признавање на народите и јазиците.

Бараме Владата на Република Македонија веднаш да ја обелодени содржината на Протоколот од вториот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија формирана врз основа на член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија. Без разлика на тоа што сега зборот протокол е заменет со фразата „годишни прегледи и мерки за ефективна имплементација според Членот 12“ суштината е иста, а протоколот има доминантно место во документите на ЕУ поврзани со нашата ЕУ интеграција.

Бараме од претседателот на Република Македонија, господинот Стево Пендаровски и од претседателот на Владата на Република Македонија, господин Димитар Ковачевски да го отфрлат овој предлог како директна закана за националните интереси на нашата држава.

Ги повикуваме пратениците во Собранието на Република Македонија без разлика на нивната политичка и етничка припадност, веднаш да го отфрлат овој предлог и јавно да се оградат од него. Ова се историски моменти од кои враќање назад нема“, заклучи здружението на граѓани „За наше Куманово“ кое побара и организирање референдум за ова прашање.

Здружението „За наше Куманово“ го осуди и непрофесионалното менаџирање на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со МВР и за време на последните случувања при протестот кај ТЦ Мавровка во Скопје и бара негова неотповиклива оставка.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе