Реакција

Максим Димитриевски до премиерот: Зоране, нѐ понижуваш сите!

Има ли крај на оваа самопонижување? Зоране, пријателе, збoруваш од позиција на премиер во име на сите нас, нѐ понижуваш сите, газиш по нашата историја и коските на нашите предци, реагира градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски по повод изјавите на претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев, а поврзани со историските прашања и со бугарската фашистичка окупација.

„Македонците и сојузничките балкански народи беа и сѐ уште се антифашисти. На 11 Октомври ќе треба на кумановската и прилепска спомен костурница заедно да положиме цвеќе на жртвите на фашизмот, јас како градоначалник, а ти како актуелен премиер. Сега молкот е повеќе од срам“, се вели во писмената реакција на Димитриевски.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе