Македонско семејство заглавено во Киев: Дипломатите заминаа, ние останавме, бараме помош за евакуација

„Ние македонски државјани и уште едно македонско семејство сме заглавени во Киев, Украина, немаме транспорт, баравме помош од Амасадата, но оставени сме од нив, тие си ја напуштија Украина без нас! Да знаете сѐ уште сме во Киев. Бараме помош за евакуација“, напиша Сашо Андонов на својот профил на Фејсбук. 

Од редакцијата на Фокус стапиле во контакт со Андонов, кој со семејството, односно со сопругата и две деца, подолг период живее во Киев. Тие моментално се во ходникот на зградата, бидејќи немаат скривница.

„Страшно е ова, заглавени сме во Киев. Пред да почне сето ова имавме контакт со амбасадата, тие нè запишаа за евакуација, ние и без тоа немаме транспорт и последната надеж ни беше во амбасадата. Но оставени сме сами на себе! Со свои сили се мачиме некако да најдеме начин да се префрлиме до границата на Полска или Унгарија, но е сè полошо и полошо.

Има повеќе семејства во Киев и сите се надеваме на помош од нашата држава за наоѓање транспорт до безбедно место“, вели тој. 

„Се обидувам да стапам во контакт и со другите македонски семејства на кои им е потребна помош. За храна деновиве се снаоѓаме како знаеме, но апелираме нашата држава да ни помогне со евакуација“, додава Андонов.

Денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи информираше дека успеале да ги извлечат нашите дипломати во Украина преку безбедносен коридор и тие се тргнати кон Молдавија.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе