Реакција на македонските организации во Бугарија

Македонскиот јазик се изучувал во Бугарија, тоталитарна комунистичка политика во ЕУ

Политиката на Бугарија во однос на Македонија го прави соседството практично невозможно и покрај добрата волја на македонската страна и на поединечните бугарски јавни личности, се вели во реакцијата на македонските организации во Бугарија по повод последната провокација на Бугарската академина на науките (БАН) против македонскиот јазик.

Македонскиот е меѓународно признат национален и државен јазик, прифатен од целата светска наука освен од бугарската, се вели во реакцијата на македонските организации во Бугарија.

„Во минатото бугарската наука го признаваше и македонскиот јазик како посебен словенски јазик. Бугарската држава исто така го призна. Треба да се потсетиме дека македонскиот јазик се изучувал во бугарските основни и средни училишта, како и на универзитетите, постоела програма на македонски јазик на бугарското национално радио.

Не е македонскиот јазик вештачки политички конструкт, туку бугарското негирање на македонскиот јазик е токму тоа - вештачко и насилно наметната лага преку средствата на тоталитарната држава. Уште од 60-тите години на минатиот век, Бугарската комунистичка партија одлучи дека треба да се гради обединета „научна“ позиција против македонската нација, историја и јазик. Сите бугарски научници кои го препознале македонскиот јазик биле принудени да заминат во пензија (како академик и професор Иван Леков) или биле отпуштени од работа (како што е Дина Станишева).

Новите научници, израснати во заразена тоталитарна лабораторија, со децении го лажат сопствениот народ и не му кажуваат едноставни факти дека тие се единствените во целиот свет кои го негираат македонскиот јазик, дека во тој поглед бугарската „наука“ е целосно изолирана и сама. Македонскиот јазик се предава директно или како дел од словенските јазици во сите словенски центри ширум светот. Освен во Бугарија.

Мотивот за негирање на јазикот не е научен, туку националистички - целта е повторно да се негира постоењето на македонската нација, а од таму и македонското малцинство во Бугарија.

Отфрлањето на македонската нација, јазик, култура и на македонското малцинство во Бугарија е последната официјална тоталитарна комунистичка политика во Европската Унија која е во сила и денес. Оваа политика го прави соседството со Македонија практично невозможно, и покрај добрата волја на македонската страна и на поединечните бугарски јавни личности.

Оваа политика нема шанси за успех и нема иднина. Можеби ќе може привремено да го измами бугарскиот народ, но не може да го доведе во заблуда светот. Единствениот резултат може да биде само подлабока омраза меѓу две, инаку блиски нации, нации што треба и би можеле да бидат пријатели. Само да не беше ова бугарската политика“, се вели во реакцијата потпишана од ОМО Илинден-Пирин, Здружение на репресирани Македонци во Република Бугарија од страна на комунистички терор, ОМО Илинден, Комитет за човекови права „Толеранција“, весникот  „Народна волја“ и билтенот „Македонски глас“.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе