„Во текот на денешниот ден почнаа да се изведуваат вежбовни активности во гарнизоните каде има стационирани единици на Армијата. За оваа активност и раздвижувањето на персонал и моторни возила кое ќе се одвива во гарнизоните, навремено се известени сите релевантни државни институции на подрачјата каде се предвидени активностите", велат од Генералштабот и додаваат дека станува збор за вежбовни активности на припадниците на Генералштабот и на потчинетите команди и единици на Армијата.