СРЕДБА ЏАФЕРИ-ПИТИНЏЕР

Македонија заедно со САД, ЕУ и НАТО подготвува стратегија за сајбер-одбрана

Во рамките на учеството на Меѓународниот безбедносен форум во Рига, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска оствари средба со Роберт Питинџер, американски конгресмен и претседател на Конгресната работна група за тероризам и неконвенционално војување и иницијатор на овој Форум. 

Соговорниците споделија заемни уверувања дека билатералната соработка меѓу Собранието на Република Македонија и Конгресот на САД и натаму ќе се одвива на пријателски и конструктивен начин. Во овој контекст беше реафирмирана поддршката на САД на Република Македонија на планот на интеграцијата во НАТО.

На средбата беа разменети видувања за прашања сврзани со безедноста во регионот, борбата против тероризмот и сајбер-криминалот, како и потребата од стратегија на сајбер-одбрана. Претседателот Џафери информираше дека Република Македонија, во тесна соработка со САД, ЕУ и НАТО, е во процес на изготвување на Стратегија за сајбер-одбрана, со која ќе се зајакнат капацитетите на државната безбедност.

Претседателот Џафери ја истакна подготвеноста на Собранието на Република Македонија да биде домаќин на Парламентарниот безбедносен форум во наредните години, со што ќе им се овозможи на парламентарците, претставниците на владите и експертите од областа да разменат поблиски искуства во доменот на овие безбедносни предизвици.

 

Дали Борисов ќе го негира својот претходник, поранешниот премиер, генерал Рачо Петров и ќе продолжи да инсистира на заедничка историја која официјална Бугарија упорно настојува да ни ја подметне.

повеќе

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе

Инвестицијата за изградба на автопатиштата Штип-Миладиновци и Кичево-Охрид повеќе личи на наш подарок за Кинезите, отколку на вистинска инвестиција.

повеќе