На Светскиот проект за правда за 2021

Македонија се најде на 64 место меѓу 139 држави на листата според Индексот за владеење на правото

Македонија се најде на 64 место меѓу 139 држави на листата според Индексот за владеење на правото на Светскиот проект за правда за 2021 година, задржувајќи ја истата оценка од 0,54 индексни поени како и при ланската класификација.

Меѓу земјите од регионот од нас подобро рангирани се Словенија на 29-то место со индекс 0,68, Хрватска на 46-то со индекс 0,61, исто колку што има и Грција на 48-то, Косово на 60-то со 0,55, а Бугарија е 62 со индекс исто како и Северна Македонија – 0,54.

Босна и Херцеговина е 72 со индекс 0,52, а потоа со индекс 0,49 Србија и Албанија се рангирани на 81, односно 83-то место, додека најслабо рангирана меѓу земјите од регионот е Турција на 117 место со индекс 0,42.

На врвот на листата се Данска и Норвешка со индекс од 0,9, пред Финска, Шведска, Германија и Холандија, додека најлошо рангирани се Венецуела, Камбоџа и Конго.

Индексот за владеење на правото се одредува врз основа на осум критериуми: ограничување на овластувањата на Владата, отсуство на корупција, отвореност на Влада и почитување на основните права, редот и безбедност, на законот и на граѓанско-правниот и кривично-правниот систем.

Во извештајот се посочува на дека на глобално ниво, се бележи негативен тренд во владеењето на правото, на што дополнително влијаеше и пандемијата со Ковид-19. Извештајот покажува дека состојбата со владеењето на правото е влошена во 95 земји, кои сочинуваат 84,7 проценти од светското население, а е подобрена во 33 држави.

„Со оглед на негативниот тренд во толку многу земји, индексот оваа година треба да биде повик за будење за сите нас, порача извршниот директор на Светскиот проект за правда“, Бил Нуком.

Индексот се базира на анкети извршени со 138.000 домаќинства и 4.200 експерти ширум светот.

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе