Македонија ја повлече согласноста за почесен конзулат на Русија во Битола, Москва најавува возвратна реакција

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека Македонија ја информирала за повлекувањето на согласноста за воспоставување на функцијата почесен конзул на Русија во Битола.

Во соопштението нема ништо за мотивите за овој чекор – очигледно, тие не можеа да бидат формулирани поради нивното јасно отсуство, коментира заменик-директорот на Департманот за информации и печат на МНР на Русија, Иван Нечаев.

За руското Министерство за надворешни работи ова политички мотивиран и непријателски гест на Република Македонија кон Русија.

„Нема сомневање дека ова е повторно политички мотивиран, непријателски гест. Целта на повторниот напад против нас е да го продлабочи јазот во руско-македонските односи коj настана поради зависното однесување на Северна Македонија, да ја покаже слепата лојалност на оваа балканска земја кон западните сојузници, нивната политика на санкции и грубиот притисок врз Русија.

Изразуваме жалење за овој однос на Република Македонија, бидејќи со овој потег се жртвува поддршката и соработката која се развива преку конзуларното претставништво во Битола. Ќе следи соодвена возвратна реакција од Русија.

Жално е што овојпат во Скопје поради антирускиот курс се жртвува институцијата почесни конзули кои помагаат во развивањето на меѓучовечките контакти, даваат поддршка на луѓето и на бизнисите. Според сѐ, таму не се грижат многу за сопствените интереси и провоцираат наша возвратна реакција, која секако ќе следи“, соопшти руското МНР.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе