-Господине Мијалков, во Македонија сте?
-Да, тука сум, еве.
И така, Мијалков бил тука, во Македонија, во Скопје.
Што е тука спорно? Ништо. Решението не му било врачено, човекот не знаел дека некој го бара. Должен ли е да гледа вести, да чита портали, весници? Не. Такво нешто не пишува во законите.
Но познати се здравствените протоколи. И за самоизолацијата. Кога поминала тревогата, слушнал дека некој го бара. И, отишол да види за што станува збор.
Како што кажал и порано дека нема да бега, така и сега, без трчање се оддалечи од камерата, влезе во просториите на Обвинителството, каде што, со оглед дека е попладне, по работното време, можеби ќе ја најде главната обвинителка Рускоска или ќе ја причека да дојде. Затоа нејзиниот шеф Јовески е дежурен.
Премиерот се јави на Фејсбук.
Македонија по возбудливите денови, се враќа во новата нормалност.
П.Џамбазоски