Ковачевски на средби со Борисов и Карадај

Македонија и Бугарија започнуваат нов процес на соработка

Претседателот на Владата Македонија Димитар Ковачевски, покрај програмата за неговата официјална посета на Република Бугарија одржа уште неколку активности, меѓу кои и средбата со Бојко Борисов и раководството на партијата ГЕРБ.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, на која присуствуваа и Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славица Грковска, заменик-претседателка на Владата задолжена за политики за добро владеење, Бујар Османи, министер за надворешни работи, и Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерка за култура, премиерот Ковачевски истакна дека Македонија и Бугарија започнуваат еден нов процес на соработка со цел да се обезбеди интензивирање и продлабочување на секторската соработка. 

Ковачевски на средбата нагласил дека Владата е подготвена за видливи и мерливи резултати од реалниот интерес на граѓаните кои се фокусираат на враќање на довербата меѓу двата народи за да се реафирмираат пријателските односи и да се поттикне политичкиот дијалог за решавање на чувствителните прашања што се отворија меѓу двете земји.

За таа цел на денешната заедничка седница, истакнал премиерот Ковачевски на средбата со Борисов, се формирани работните групи за повеќе одделни области кои утврдија акциски планови за најважните приоритети, како на пример Коридорот 8.

Претседателот на Владат,  Ковачевски на средбата со претседателот на ГЕРБ Бојко Борисов истакнал дека очекува оваа партија, иако сега во опозиција, да продолжи со политиките за поддршка на Македонија во нејзините аспирации за членство во ЕУ. 

Претседателот на ГЕРБ, Борисов потенцирал дека треба да се искористи покренатиот процес за надминување на разликите за да се врати довербата како придонес кон европските интеграции на Македонија. 

Димитар Ковачевски, на маргините на својата официјална посета на Бугарија се сретна и со претседателот на Движењето за права и слободи и пратеник во Собранието на Република Бугарија Мустафа Карадај.

Премиерот Ковачевски и претседателот на Движењето за права и слободи и пратеник во Собранието на Република Бугарија Мустафа Карадај изразија заедничка надеж дека започнатиот интензивен дијалог меѓу двете земји на највисоко ниво бргу ќе ги даде очекуваните резултати од кои се очекува разрешување на отворените прашања меѓу двете земји и деблокирање на процесот за евроинтеграцијата на Македонија.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе