На 9 Декември - Меѓународниот ден за борба против корупцијата

Македонија е на 87 место од 180 земји по Индексот на перцепција на корупцијата

Борбата против организираниот криминал и корупцијата и напредокот на патот кон Европската Унија (ЕУ) се два меѓусебно зависни процеси кои го забрзуваат процесот на интеграција. Не можеме да очекуваме дека ќе имаме застој во борбата против корупцијата, а дека ќе одиме на патот кон ЕУ и обратно, ако сме добри и имаме добри резултати во овој дел секако дека ќе имаме и напредок и добри оценки од страна на ЕУ, потенцираше денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, на прес-конференција пред заедничкиот состанок со институциите кои имаат надлежност за справување со корупцијата, на кој беа разгледани забелешките од Извештајот за напредокот на Македонија подготвен од Европската комисија (ЕК).

Вицепремиерот Бојан Маричиќ истакна дека како земја која има сеопфатна антикорупциска правна рамка усогласена со сите релевантни меѓународни и европски стандарди во оваа област фокусот наредниот период треба да го ставиме на доследна имплементација на сите овие стандарди, стратегии, закони и инструменти кои ги имаме во раце.

„Целта на тоа е да градиме досие, да градиме резултати и гласно и отворено да зборуваме за корупцијата како предизвик со кој се соочуваат сите современи општества“, рече Маричиќ.

Тој додаде дека дека промени и напредок има, но далеку сме од тоа каде што би сакале да бидеме.

Справувањето со корупцијата без исклучок секогаш има две страни – оние што ја практикуваат и оние што се учесници за да постигнат одредена корист. И двете страни имаат иста одговоорност. Тогаш кога и едната и другата страна ќе кажат не на оваа појава ние ќе бидеме голем чекор напред кон успех на тоа што го декларираме, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Во делот на финансиската контрола тој наведе дека како Министерство работат на Предлог закон за системот за внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, на закон за финансиска инспекција во јавниот сектор, на нацрт закон за државна ревизија, потоа на закон за решавање на нефер банкарски практики и промовирање на заштита на потрошувачите, како и на воспоставување финансиски омбудсман.

„Во врска со Слободно движење на капитал, добар напредок е постигнат во натамошното усогласување со правото на ЕУ, преку усвојувањето на законодавството за платните системи како и преку нов Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. За нотирање е дека во август минатата година се усвои Националната стратегија за спречување на перење на пари финансирање на тероризам 2021 – 2024. Оваа стратегија на среден рок ги дефинира активностите кои треба да го унапредат системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Во битката на спречување на перење пари и финансирање на тероризам, од исклучително значење е координацијата со и помеѓу Агенцијата за финансиско разузнавање, Агенцијата за национална безбедност, Државната комисија за спречување на корупцијата и Управата за финанска полиција“, подвлече Бесими.

Важна е, нагласи тој и борбата против неформалната економија како еден од изворите за корупција и финансирање на тероризам.

А премиерот Димитар Ковачевски испрато порака преку својот фејсбук профил.

„Корупцијата е закана за функционирањето на системот, владеењето на правото, за буџетот, за економскиот развој, за животниот стандард на граѓаните. Сите чинители подеднакво во рамките на своите ингеренции треба да дадат свој придонес во решавањето на ова крупно прашање. Единствениот пристап и посветеноста е клучна, Владата има политичка волја да обезбеди почитување на правото и одговорно справување со криминалот и корупцијата преку унапредување и почитување на воспоставените механизми како што се независен буџет, изработка на законски решенија усогласени со ЕУ и неселективна борба против корупцијата“, порача премиерот Димитар Ковачевски по повод 9 Декември – Меѓународен ден за борба против корупција.

Евроамбасадорот Дејвид Гир порача дека Македонија е на крстопат и дека ќе мора да избере дали ќе ги искорени шемите на корупција или не.

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе