По средбата кај македонскиот претседател

Македонците од Бугарија до Пендаровски: Систематска дискриминација и институционален говор на омраза

Барањата на Бугарија Македонија да се откаже од македонското малцинство во Бугарија и дури да изјави дека такво не постои е неприфатливо. Прифаќањето на такво скандалозно барање под каква било форма ќе значи раскин на врската меѓу македонската држава и македонското малцинство во Бугарија и во суштина – велепредавство. Единственото правилно и достоинствено решение е и двете малцинства – македонското во Бугарија и бугарското во Македонија – да добијат идентични права согласно меѓународните стандарди за правата на малцинствата, се вели во соопштението на претставниците на македонското малцинство во Бугарија по денешната средба со македонскиот претседател Стево Пендаровски.

Претставниците на организациите на Македонците во Бугарија по денешната средба со претседателот на Македонија Стево Пендаровски се заблагодарија за можноста да ги претстават проблемите, грижите и очекувањата на Македонците во Бугарија пред шефор на македонската држава.

„За нас тоа е многу ретка можност и чест. Ние претставуваме различни организации кои независно од некои разлики во своите идеи сме обединети од тоа што ги претставуваме и штитиме правата и интересите на Македонците во Бугарија и работиме во рамките на идеите на Европската конвенција за правата на човекот и законите на Бугарија. Ние сме далеку од секаква форма на екстремизам и сепаратизам. Исцело ја поддржуваме евроинтеграцијата на Македонија и веруваме дека тоа треба да стане на рамноправна и достоинствена основа без штета за македонскиот идентитет. Искрено ги поддржуваме добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија и сме убедени дека за да бидат вистински, добрососедски и трајни, тие треба да бидат рамноправни и принципиелни, базирани на добра волја и меѓусебна почит, а не на уцена и стремеж кон доминација, како што се прави за жал сега од страна на Бугарија.

Затоа ние категорично го осудуваме ветото на Бугарија пред започнувањето на преговори за влегување во ЕУ на Македонија, како и барањата и претензиите против македонската историја, јазик и култура. Отворените прашања меѓу двете земји треба да се решаваат преку примена на принципот на реципроцитет и заемна почит.

Како клучен проблем за нас, но исто така и за односите меѓу двете земји се индивидуалните права на припадниците на македонското малцинство во Бугарија кои се фундаментално нарушени. Самото постоење на малцинството официјално категорично се негира. Македонската самосвест и самоопределба без никоја разумна причина се третираат како национално предавство, антидржавна дејност и закана за единството и територијалниот интегритет на Бугарија. Ниту едно од правата предвидени со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства не им е дадено на Македонците независно што истата е ратификувана од Бугарија. Ние дури и немаме базично и фундаментално за демократијата право како тоа да создаваме и делуваме преку свои партии и организации, а исто така оние од нас кои имаат и македонско државјанство немаат право да се кандидатираат на избори. Заради нашата етничка припадност ние сме постојан објект на говор на омраза, кој никогаш не се казнува и сме стигматизирани како непријатели на државата. Преку сето тоа сме систематски маргинализирани и исклучени од општествениот и политичкиот живот на земјата во која живееме. Нашите обиди да си ги бараме и штитиме правата преку бугарските институции константно се отфрлани и блокирани. Бугарските власти одбиваат да започнат дијалог со нас за постоечките проблеми независно од редовните препораки од институциите на Советот на Европа и 14 пресуди од страна на Европскиот суд за човекови права. Претседателот Радев не само што нема прифатено ниту едно од нашите барања да не прими, но дури и не нема удостоено со каков било одговор. Овие проблеми постојат веќе 32 години во демократска Бугарија. За жал тие никогаш официјално не се поставени од страна на македонските влади пред Софија. Ако ова прашање беше решено како што и требаше во 1998 година кога Р. Бугарија бараше почеток на преговори за членство во ЕУ, ниту македонското малцинство, а нито Македонија, денес немаше да бидат во положбата во која се наоѓаат. Ние сме револтирани од барањата на Бугарија Македонија да се откаже од македонското малцинство во Бугарија и дури да изјави дека такво не постои. Прифаќањето на такво скандалозно барање под каква било форма ќе значи раскин на врската меѓу македонската држава и македонското малцинство во Бугарија и во суштина – велепредавство. Единственото правилно и достоинствено решение е и двете малцинства – македонското во Бугарија и бугарското во Македонија – да добијат идентични права согласно меѓународните стандарди за правата на малцинствата. Двете малцинства треба да се претворат во мост за зближување, а не причина за конфликт. Така ја гледаме ние својата ролја – како дел од решението, а не од проблемот.

Ние пледираме за активна позиција на македонската држава спрема македонското малцинство во Бугарија. Во таа насока позитивен пример е грижата на Бугарија за Бугарите во Македонија, кој може да биде искористен од Македонија. Македонија исто треба да побара рехабилитација на Македонците репресирани во време на комунизмот од бугарската држава и отворање на бугарските архиви, како и да го поддржи расветлувањето и истражувањето на оваа тема.

Тезата дека застапувањето за правата на македонското малцинство претставува мешање во внатрешните работи во Бугарија е целосно неоснована, зашто од една страна правата на човекот не се ексклузивно внатрешно прашање на која и да било држава, а од друга – Бугарија отворено се меша во корист на Бугарите во Македонија. Тоа не би било и нарушување на нерамноправниот договор за добрососедство, зашто многу припадници на македонското малцинство во Бугарија имаат и македонско државјанство. Би сакале македонската држава да одржува активна комуникација со македонските организации во Бугарија во рамките на меѓународно прифатените стандарди. Се надеваме оваа средба да сврти нова страница во односот на македонската држава спрема македонското малцинство во Бугарија и да стави почеток за нова позитивна традиција.

Вие и претставниците на македонските државни институции исто како и бугарските сте секогаш добро дојдени како гости на нашите јавни манифестации во Бугарија“, се вели во соопштението на македонските здруженија од Бугарија по денешната средба со македонскиот претседател Пендаровски.

На средбата присуствуваа осуммина претставници на една партија и 4 организации кои се борат за правата на бугарските државјани со македонска свест и самоопределба (македонското малцинство во Бугарија). На средбата тие на македонскиот претседател му изложија серија проблеми со кои се соочуваат, заедно со мноштво примери за систематската дискриминација и институционализиран говор на омраза против Македонците во Бугарија.

На средбата присуствуваа Стојан Георгиев – почесен претседател на ОМО Илинден-Пирин, кој лежел два пати по 4 години во бугарски затвор затоа што е Македонец. Партијата постои 24 години и е член на европската парламентарна коалиција Европска слободна алијанса, но само една година постоела како регистрирана партија во Бугарија и покрај добиени пресуди во Стразбур не може да си ја врати регистрацијата. Стојан Герасимов – претседател на Друштвото на репресираните Македонци во Бугарија жртви на комунистичкиот терор, кој 5 години лежел поради својата македонска самосвест во бугарски затвор. Друштвото постои 12 години и има добиено повеќе од 20 откази да биде регистрирано независно што има пресуда во Стразбур. Атанас Мазнев – претседател на Друштво за заштита на основни индивидуални човекови права и член на раководството на ОМО Илинден-ПИРИН. Друштвото е во процес на дерегистрација од страна на бугарскиот суд. Иван Гаргавелов – претседател на друштво Антички Македонци, под истрага со цел забрана од страна на бугарската полиција. Ангел Радонов – претседател на Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија, кое постои 10 години, но и покрај добиено дело во Стразбур не може да добие регистрација. Даринка Гаврилова Георгиева – претставник на жените во ОМО Илинден-Пирин и Георги Мангалов, член на ЦС на ОМО Илинден-Пирин.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе