Маја Морачанин е старо-новата претседателка на ДОМ

На денешниот Петти конгрес на Зелената партија ДОМ, за претседател на партијата повторно и едногласно е избрана досегашната лидерка, Маја Морачанин.

Заблагодарувајќи се на довербата, Морачанин нагласила дека ДОМ и во иднина ќе биде активен и конструктивен фактор во политичкиот пристап за решавање на сите општествени проблеми и прашања, информираат од партијата.

„Политиката на Зелената партија ДОМ не треба да се врзува само со еколошките теми и климата, туку и со почитувањето на човековите права, социјалните права, недискриминацијата, како и со политиките за развој на зелената економија“, истакнала Морачанин.

Како што информираат од партијата, 309-те делегатите на конгресот, исто така, едногласно го избрале и новиот состав на Централниот и Надзорниот одбор на партијата, а биле усвоени и Извештајот за работата на ДОМ во периодот од 2018 до 2022 година, како и Предлог-програмата за работата на Зелената партија ДОМ во периодот до 2026 година.

„Пред делегатите и многубројните гости од другите партии, пратеници и претставници од Владата, на почетокот на Петтиот конгрес на ДОМ, се презентираа и поздравни говори на претставници на Европските зелени од повеќе земји-членки на ЕУ, како и на зелени партии од земјите во регионот. Тие јасно ја изразија поддршката за продолжување на Северна Македонија на патот кон Европската унија и поддршката на придонесот на Зелената партија ДОМ, што го дава во таа насока“, информираат од ДОМ.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе