ПОРАКА ОД МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА

МАЕИ до Софија: Македонците во Албанија не се Бугари

Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на денешната прес-конференција во Корча упати декларација до ЕУ во врска со делот од Извештајот за Албанија во кој стои дека „во Мала Преспа, Голобрдо и Гора постои бугарско малцинство“. 

„Партијата Македонска алијанса за европска интеграција истакнува дека малцинството што живее во овие простори и во цела Албанија е македонско малцинство, официјално признато во Преспа, иако не и во регионот на Голобрдо и Гора. 

Македонците во Албанија не се Бугари. Во Албанија живее македонско, грчко, српско-црногорско, влашко, ромско, бошњачко и еѓипќанско малцинство. Напорите за признавање на непостоечко бугарско малцинство во Албанија го сметаме како фалсификат на историјата и на вистината.

Во Албанија нема бугарско малцинство. Такво малцинство има во главите на бугарските официјални лица во Софија кои продолжуваат со антимакедонизмот како официјална политика за негирање на македонскиот народ во целина“, пишува во Декларацијата.

Според МАЕИ, Извештајот за интеграција на Република Албанија во ЕУ, одобрен од Европскиот Парламент, во делот каде се бара признавање на “бугарското малцинство во Преспа, Голо Брдо и Гора“ е сериозно кршење на меѓународниот закон, Универзалната декларација за човековите права и слободи, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото.

Партијата Македонска алијанса за европска интеграција бара од Бугарија да не измислува „Бугари“ таму каде што не постојат, туку да го признае македонското малцинство во Бугарија .

МАЕИ исто така бара од Брисел да не ги злоупотребува Македонците од Албанија како пречка на патот на Албанија во процесот за интеграција во Европската Унија. 

Изразено ниската вредност на вложување во науката и истражувањата во Македонија е јасен знак за отсуство на грижа на државата за овие суштински дејности. 

повеќе

Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

повеќе

Политичарите изразуваат „загриженост“ за аерозагадувањето на начин што нѐ оддалечува од наоѓањето решенија, наместо да не доближува.

повеќе