Љупчо Димовски е наследникот на Ѕинго на чело на СПМ

Пратеникот Љупчо Димовски е новиот претседател на Социјалистичката партија на Македонија и тој доаѓа на местото на Љубисав Иванов Ѕинго кој беше на чело на партијата цели 25 години, а почина во ноември минатата година.

Димовски бил избран едногласно од делегатите на деветтиот Конгрес на партијата што се одржа во Кратово.

Тој беше еден од обвинетите и амнестирани пратеници за насилниот упад на 27 април во Собранието. Досега извршувал и повеќе државни функции. И покрај тоа, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага за него и за други министри и заменици за земјоделие, Ацо Спасеновски, Михаил Цветков, Кристијан Делев и ги товареше за злоупотреби поврзани со земјоделски земјишта.

„Љупчо Димовски е дипломиран економист, роден во Велес на 9 април, 1959 година. До 2008 генерален директор на ЈП ‘Паркови зеленило‘-Скопје, до 2009 заменик министер за транспорт и врски, до 2014 министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, од 2014 пратеник во Собранието на Република Македонија. Извршен секретар, член на претседателството и од 2007 генерален секретар на СПМ“, информираат од СПМ.

На Конгресот бил поднесен извештај за работата на партијата во изминатиот четиригодишен период, а била усвоена и Декларација во која се изнесени ставовите на СПМ за актуелните општествено-економски и политички состојби во државата.

 

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе