Димовски бил избран едногласно од делегатите на деветтиот Конгрес на партијата што се одржа во Кратово.
Тој беше еден од обвинетите и амнестирани пратеници за насилниот упад на 27 април во Собранието. Досега извршувал и повеќе државни функции. И покрај тоа, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага за него и за други министри и заменици за земјоделие, Ацо Спасеновски, Михаил Цветков, Кристијан Делев и ги товареше за злоупотреби поврзани со земјоделски земјишта.
„Љупчо Димовски е дипломиран економист, роден во Велес на 9 април, 1959 година. До 2008 генерален директор на ЈП ‘Паркови зеленило‘-Скопје, до 2009 заменик министер за транспорт и врски, до 2014 министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, од 2014 пратеник во Собранието на Република Македонија. Извршен секретар, член на претседателството и од 2007 генерален секретар на СПМ“, информираат од СПМ.
На Конгресот бил поднесен извештај за работата на партијата во изминатиот четиригодишен период, а била усвоена и Декларација во која се изнесени ставовите на СПМ за актуелните општествено-економски и политички состојби во државата.