„Она што е важно е тоа дека во францускиот предлог македонскиот јазик е дефинитивно без проблем ставен во понатамошниот тек во односите со ЕУ. Она што е уште поважно, а на што многу малку се става акцент во Македонија, дека со прифаќањето на францускиот предлог во бугарскиот Парламент, факт е дека тие се откажаа од претпоследиот или последниот нивен став што беше донесен пред ветото за влезот на Македонија во ЕУ. Се сеќавате имаше два става кои беа неприфатливи дека македонскиот јазик до 1945 година бил бугарски и дека македонскиот народ до 1945 година бил бугарски и она што беше уште потешко за нас, тоа требаше според таа нивна позиција да го прифати Македонија. Тоа сега го нема и затоа сметам дека не треба да ги цениме само негативните елементи што мислиме дека се негативни во францускиот предлог, туку дека треба да цениме она што е позитивно“, рече Георгиевски.
Според него, ВМРО-НП е една од ретките партии кои рекоа дека во францускиот предлог има многу позитивни работи и оти не треба да се отфрла во глобала.
„Она на што треба да се стави акцент е дека двете страни не се задоволни до крај, меѓутоа тоа е суштината на секој предлог. Тоа беше суштината и на Преспанскиот договор, кога двете страни колку и да споделуваат оценки дека се задоволни од предлогот во суштина остануваат не докрај сите нивни нереализирани моменти“, изјави Георгиевски.