Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски повторно позитивен на ковид-19

ВМРО-ДПМНЕ информира дека нивниот лидер Христијан Мицкоски е позитивен на ковид-19. Тој направил брз тест откако почувствувал симптоми на оваа болест и тестот ги потврдил сомнежите, но сепак ќе направи и ПЦР тест. Партијата информира дека Мицкоски ја откажува посетата на Општината Maврово-Ростуше.

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се вели;

„Посетата и настанот на претседателот Христијан Мицкоски во општина Маврово- Ростуше закажани за денес во 17:45 се откажани.

Причини за негово откажување е развивањето на симптоми од ковид-19 на претседателот Мицкоски, при што беше направен брз антигенски тест и истиот беше позитивен.

Во текот на денот претседателот Мицкоски ќе биде тестиран со ПЦР тест за вирусот ковид-19'.

Инаку, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е вакциниран и прележан на болеста, беше и на лекување на Инфективната клиника.

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе