ЛГБТИ лицата бараат поголема застапеност во политичките агенди

Здружението за критички пристап кон родот и сексуалноста „Субверзивен фронт“ во пресрет на парламентарните избори, закажани за 11 декември, ja почна кампања за поголема застапеност на ЛГБТИ-лицата и нивните човекови права во агендите на политичките партии. Кампањата е насловена „Гласај за еднаквост“, а целта на кампањата велат здружението е да се вметне еднаквоста на ЛГБТИ-луѓето во јавната политичка агенда на партиите, не само за време на кампањата за претстојните избори, туку и по нив.

Во рамки на кампањата на 5 декември ќе се одржи и првата национална ЛГБТИ-конференција во Македонија, на која претставници на партиите и на државните институции ќе разговараат за унапредување на положбата на ЛГБТИ-лицата во земјата.

„Ќе бидат претставени и предлог-измените и дополнувањата на Законот за спречување и заштита од дискриминација и на Кривичниот законик, за правно да се признаат и да се заштитат ЛГБТИ-лицата од дискриминација, говор на омраза и од злосторство од омраза, засновани на сексуална ориентација и на родов идентитет“, објаснуваат од „Субверзивен фронт“.

По објавувањето на партиските програми, „Субверзивен фронт“ направи анализа дали и во кој степен се застапени прашањата и проблемите што ги засегаат ЛГБТИ-лицата.

„Општиот впечаток е дека политичките партии во многу мала мера посветуваат внимание на прашањата и на проблемите во врска со ЛГБТИ-популацијата. Само во програмите на лево-ориентираните политички партии се споменуваат овие прашања. Ова е резултат на хетеро-патријархалните норми кои доминираат во македонското општество, а тоа се одразува и кај партиите, кои во страв да не изгубат дел од гласачите или од потенцијалните неопределени гласачи, избираат да не го кренат гласот и јасно да застанат во одбрана на човековите права на ЛГБТИ-лицата“, изјави Антонио Михајлов од „Субверзивен фронт“.

Тој соопшти дека организирале средби со политичките партии, на кои нивните претставници одговараа на прашалник за застапеноста на ЛГБТИ-заедницата во политичките програми на нивните партии. Во предизборниот период, прашалникот бил доставен до сите политички партии, но само пет од нив одговориле, а тоа биле СДСМ, ЛДП, ЛП, ДОМ и Левица.

 

 

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе