Левица утре во Битола ќе организира протест за поддршка на Алабаковски

Случајот со Ламбе Алабаковски предизвика бурни реакции во јавноста. Се огласија и дел од партиите. Од Левица најавуваат протест во Битола за поддршка на Алабаковски. „Згрозени од неоврховизмот на актуелната власт и министерот Оливер Спасовски, кој веднаш побара притвор за палењето на фашистичкиот клуб, Повикуваме на протест за ослободување на Ламбе Алабаковски за утре пред полициската станица во Битола во 18 часот“, соопшти битолскиот огранок на Левица.

Од партијата бараат отфрлање на кривичната пријава, како и итно процесуирање на кривичната пријава на Левица против претседателот на клубот „Ванчо Михајлов”, поради излагање на подбив на македонскиот народ и предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.

„Бараме Министерството за надворешни работи да врачи протестна нота на бугарскиот амбасадор во Република Македонија, поради континуирано негирање на македонскиот народ, кое кулминираше со отворањето на клуб во чест на крвникот на македонската кауза, Ванчо Михајлов“, стои во повикот на партијата. Претходно партијата истакна дека во услови кога институциите на системот затајуваат да ги заштитат националните и државните интереси, целосно оправдан е потегот на веќе приведениот Ламбе Алабаковски.

Алабаковски е осомничен дека во саботата ја запалил влезната врата на клубот „Ванчо Михајлов“.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека  не поддржуваат никаков вид на насилство, но потенциираат дека „инцидентот во Битола е реакција на акцијата на власта поврзана со распродавањето на државните и национални интреси“.

Популарниот македонски пејач Ламбе Алабаковски го опожарил бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, полицијата бара мерка притвор, потврди  министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Алабаковски по само три дена од сторувањето, со судска наредба бил приведен, а во полициска станица го признал делото.

Запрашан како толку брзо бил решен овој случај, а за други се чека многу подолго време, министерот Спасовски се правда дека не секој случај можел да се реши со посакуваната брзина, но никој не можелда избега од кривична одговорност доколку згрешил пред законот.

„Секако дека најважно е при откривањето или расчистувањето на кој било случај, да имате докази кои ќе можат да го потврдат целиот овој случај. Некои порано, некои малку подоцна, зависно од обезбедувањето на доказите. Меѓутоа е важно сите случаи да бидат расчистени“, изјави Спасовски.

Информацијата дека Алабаковски е човекот кој го опожарил културниот клуб, предизвика бура реакции на социјалните мрежи на кои пејачот е веќе прогласена за војвода. „И јас сум Ламбе Алабаковски! Je suis Lambe Alabakovski!“, е најчестата порака присутна по социјалните мрежи.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе