Левица побара инспекциски надзор против ФК Шкупи и ФФМ за користење на странски знамиња на спортски натпревар

Левица поднесе Иницијатива за вршење на вонреден инспекциски надзор до Агенцијата за млади и спорт, а против ФК Шкупи и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Како што информира Левица, од страна на навивачката група на ФК Шкупи, на фудбалскиот натпревар против ФК Академија Пандев, кој се одржа на ден 17.05.2022 година, беа истакнати знамиња на соседна Република Албанија, а не беше истакнато знамето на Република Македонија, кое е задолжително да се истакне.

Со ваквите постапки, додаваат, се прекршуваат член 7, член 15, 16 и 17 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија. Член 7 предвидува:

„При официјални државни посети и меѓународни манифестации од политички, научен, културно-уметнички, спортски и друг карактер, заедно со грбот, знамето и химната на Република Македонија истовремено се истакнуваат, односно изведуваат и грбот, знамето и химната на друга држава и меѓународна организација, во согласност со одредбите на овој Закон.

Согласно член 30 од истиот закон, со парична казна од 50.000 до 300.000 денари ќе се казни за прекршок правното лице ако не ги употребува грбот и знамето на Република Македонија согласно одредбите од чл. 7 на овој закон.
Согласно актите на ФФМ, присуството на државниот симбол е задолжителен на сите средби под ингеренции на ФФМ. Од левица додаваат дека со конкретните дејствија, ФФМ го прекршиле член 7 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија.

„Од тие причини, преку оваа Иницијатива до Агенцијата за млади и спорт, Левица бара веднаш да се спроведе вонреден инспекциски надзор и да бидат преземени сите законски дејствија, а по утврдената фактичка состојба, да се донесат соодветни управни акти со што би се санкционирале и спречиле понатамошни непочитувања и постапувања спротивни на Уставот, законите и подзаконските акти“, пишува во партиското соопштение.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе