Левица - Охрид поднесе иницијатива за забрана на "Цар Борис Трети"

Локалниот огранок на Левица во Охрид, денеска до ОЈО Охрид поднесе иницијатива за забрана на новоотвореното Здружение "Цар Борис Трети", известуваат од партијата.

„Левица како политичка партија и глас на народот секогаш реагира и дејствува кога е во прашање македонската посебност и антифашистичката историја. Како што беше поднесена иницијатива за забрана на здружението „Иван Михајлов" во Битола, така и поднесовме и иницијатива за забрана на новоотвореното Здружение „Цар Борис III" до ОЈО Охрид.
Очекуваме реакција од Јавното обвинителство и останатите државни органи за постапување и спречување на овој опасен тренд на наметнување и воздигнување на докажани фашистички дејци и државници на окупаторски држави, за кое реагираше и еврејската заедница во Македонија.
Сепак, поради отворањето на контроверзното здружение именувано по фашистичкиот државник, слуга на Хитлер и борец против македонизмот, Левица - Охрид ја повикува целокупната здраворазмуна јавност на протест против уривање на уставниот и државен поредок на Република Македонија и против разгорувањето на национална омраза!
Да го зачуваме достоинството на македонската нација и споменот на македонските антифашистички борци и да не дозволиме рушење на интегритетот на државата!

Не за бугарскиот Хитлер!
Смрт за фашизмот, слобода на народот!,“ рече советничката од Охрид, Виолета Аврамоска.

Дополнително, од огранокот повикаа на протест против отворањето на оваа Здружение, во петок пред ТЦ Амам - Охрид со почеток од 11 и 30 часот.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе