За територијални претензии кон Македонија и молкот на Владата, ЕУ и НАТО

Левица бара прекин на преговорите со Софија и протерување на бугарскиот амбасадор

„За повампирувањето на големо-бугарската идеја, актуелна за време на фашизмот, за жал не наидуваме на соодветна осуда или протест како од македонската Влада, така и од ЕУ или НАТО, туку напротив, се изнаслушавме и дополнителни навреди, омаловажувања кон македонскиот јазик, реагира Левица и изнесува повфеќе барања до Владата, меѓу кои итен прекин на преговорите со Бугарија и протерување на бугарскиот амбасадор.

Пред неколку дена од Народното Собрание на Република Бугарија беше испратена национал-шовинистичката порака со територијални претензии кон Република Македонија. Порака идентична на оние од периодот кога Бугарија,како фашистичка држава за време на Втората светска војна, вршеше злосторства во име на паролата „Македонија е Бугарија", потсетува Левица.

Во соопштението понатаму се вели:

„Дополнително, оваа порака од бугарските пратеници беше поддржана и од собраниската говорница, каде бугарски пратеник истакна дека Бугарија треба да се бори за идејата од 1941 година за 'една заедничка држава Обединета Бугарија со Македонија' и уште еднаш беше негирано постоењето на македонскиот народ, култура, јазик и држава.

За повампирувањето на големо-бугарската идеја, актуелна за време на фашизмот, за жал не наидуваме на соодветна осуда или протест како од македонската Влада, така и од ЕУ или НАТО. Напротив се изнаслушавме и дополнителни навреди, омаловажувања кон македонскиот јазик!

Од францускиот претседател Макрон и од холандскиот премиер Руте бевме наречени 'Северномакедонци', од тогаш бугарскиот премиер Петков нашите партии беа наречени 'северномакедонски' за на крај, Европската комисија во која се застапени сите земји членки на ЕУ да распише оглас за преведување на 'северномакедонски јазик'.

По нецели три години од членувањето во НАТО, со ова премолчување се потврди тезата дека оваа организација не само што не го чува територијалниот суверенитет и интегритет на државата, туку и територијалните претензии кон Македонија се директно од нејзините земји-членки.

Потсетуваме дека ова не е прв ваков чин, и дека од пратеникот во Европскиот Парламентот Џамбаски, претходно исто така беа дадени изјави со територијални претензии кон Македонија, а неосудувањето и непреземањето ништо од страна на ЕУ по ваквите изјави, резултираше со стимулирачко дејствие на негаторските бугарски политики, кои веројатно во иднина уште повеќе ќе ги има.

За последниот негаторски чин, од нашата Влада речиси не следеше никаква реакција! Тие не собраа храброст да упатат ниту протестна нота кон Бугарија, а во соопштението известија дека за сите овие негирања и територијални претензии испратиле само 'вербална нота' до бугарското МНР.

Сметаме дека ваквиот курс на надворешна политика кој го води државата е недозволив, а искажувањето на територијални претензии не е говор на омраза (како што оцени македонското МНР). Заради тоа:

Левица уште еднаш бара итен прекин на преговорите со Бугарија

Протерување на бугарскиот амбасадор од Македонија заради искажани територијални претензии кон државата директно од Народното собрание на една демократска држава;

Бараме Владата со отворено писмо да побара извинувања од претставниците на ЕУ, кои македонскиот народ и јазик го нарекоа 'северномакедонски',

Бараме во Собранието на РМ веднаш на дневен ред да биде ставена Резлолуцијата поднесена од Левица против рехабилитацијата и глорификацијата на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици и истата да биде изгласана од страна на пратениците“.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе