ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПАРТИЈАТА

Левица: Приведувањето на Савески е отворен политички прогон против неистомислениците (ВИДЕО)

Утрово членот на президиумот на Левица и еден од најактивните демонстранти на протестите од движењето „Протестирам“, проф. д-р Здравко Савески е повикан на информативен разговор во полициската станица „Пролет“ во Кисела Вода, по што е задржан со неофицијално обвинение за учество во толпа со кое се заканува парична и затворска казна до три години, рекоа денеска на прес-конференција членовите на партијата Левица, кои сметаат дека со ваквиот потег власта се обидува да го угуши народниот револт кој велат станува се помасовен. 

„Ова е насилничка практика која преминува во отворен политички прогон против неистомислениците, а доаѓа по најавите на некои граѓански движења да се забранат, односно да се стават надвор од правниот поредок одредени партии или здруженија“, рече Димитар Апасиев од Левица.

Тој рече дека во секој момент професорот се очекува да биде изведен судија во претходна постапка и да даде исказ пред јавен обивинител. Шпекулациите се дека ќе му биде одредена мерка притвор.

„Левица најостро се спротиставува ваквиот отворен политички прогон на нашите членови. Сакаме да напоменеме дека за уште четворица наши членови на нашите раководни функции се пристигнати покани за информативен разговор. Нашите совети веќе да не се појавуваат на овие разговори бидејќи постои опасност да бидат уапсени“, рече тој во име на партијата.

Од Левица имаат три пораки. Првата е до министерот и заменик-министерот за внатрешни работи да ги евиндентираат, но не и да ги процесуираат кривичните пријави додека не заврши оваа политичка криза.

„Второто барање е до јавното обвинителство да не бара притвори по овие предмети, а третата порака е до конкретниот судија кај што ќе се падне овој предмет, не до судот. До судијата порачуваме по ниту еден основ да не определува мерка притвор, туку да остави правдата да тече како што е предвидено, без суптилни притисоци. Сакаме да им препорачаме на они што штитат криминали - Немате вие затвори колку што имаме ние следбеници", порачаа од Ленка, нагласувајќи дека со притворањето на Савески власта создава контраефект, односно ги стимулира за уште помасовни протести.

Инаку, прес-конференцијата беше придружена со членовите на Левица и повеќе активисти. Дел носеа транспарент - „Апсите демонстранти, помилувате криминалци. Тоа ли е правичност".

Б.Ш.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе