ЛДП ги повикува и граѓаните и полицијата да се воздржат од прекумерна сила

Либерално демократската партија (ЛДП) апелира до сите оние кои што неколку дена се наоѓаат на улиците пред институциите, да не користат сила и да не фрлаат со предмети кои што можат да повредат други луѓе. 

„Свесни сме и знаеме дека протестот преставува уставно загарантирано право, луѓето кои што протестираат пред нашите институции имаат право да го прават тоа и да го изразат своето незадоволство на улици, но да се воздржат од употреба на прекумерна сила”, вели Теодора Димитровска,  портпаролка на ЛДП.

Таа упати апел и до службениците на МВР кои што се наоѓаат на терен овие неколку дена.

„Ве замолуваме вашите работни обврски да ги вршите во рамки и во согласност со законите, прекумерна сила во овие моменти не е потребна, ЛДП секогаш застанува зад интересот на граѓаните и во наредниот период такви ќе бидат и одлуките кои што ќе бидат донесени”, изјави Димитровска.

 

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе