Лавров: Западот се обидува да ја направи Северна Македонија алатка во антируската игра

„Има огромна разлика меѓу тоа што го чувствуваат Црногорците и Македонците за Русија и она што го прават нивните политичари принудени од Брисел“, рече шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју објавено на вебсајтот на руското Министерство за надворешни работи.

Фото: ЕПА

ЕУ и НАТО се обидуваат да ги направат Црна Гора и Северна Македонија „алатки во антируската игра“ рече Лавров во интервјуто со „Асоцијација Наше кино“.

„Има огромна разлика меѓу тоа што го чувствуваат Црногорците и Македонците за Русија и она што го прават нивните политичари принудени од Брисел, ЕУ и НАТО... Ова е истото тоа што се обидоа да го сторат во Украина и во други источноевропски држави“, рече Лавров.

Македонија, рече тој, стана Северна Македонија за да влезе во ЕУ. Меѓутоа, таа не беше примена таму, ниту пак ќе биде примена во скоро време. Наместо тоа, ја вовлекоа во НАТО, почнаа да потпалуваат русофобни чувства, агресивна политика кон Руската Федерација, рече рускиот министер за надворешни работи.

„Јас сум бил во Скопје и во Охрид, видов како луѓето во Македонија се однесуваат кон нашата заедничка историја и религија. Бев и во Црна Гора. Посетував и манастири и цркви. Споменикот на В.С. Висоцки во градот Подгорица, Црна Гора, е чудесен, на него е изгравиран еден катрен од неговата долга поема за Црногорците. Завршува со самата фраза врежана на споменикот: ‘Едно раѓање мене не ми е доволно, јас би израснал од два корени, штета што Црна Гора не стана мојата втора татковина'“.

Лавров позитивно се изрази за решавањето на црковниот спор меѓу СПЦ и МПЦ.

На тој начин, било одговорено на, како што вели Лавров, интригите на цариградскиот патријарх, кој сакал да ги закопа односите меѓу православните цркви, пред сѐ македонската и српската.

Тоа со конечната одлука на СПЦ било спречено, тврди рускиот министер, кој најавува дека сега се овозможува повторно воспоставување на евхаристичко единство со Руската православна црква, за што Москва е заинтересирана.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе