Специјален известувач на ОН

Ла Ру: Во Македонија се заплашуваат критичките медиуми

Македонија општо земено нема проблем со законите, туку со нивното спроведување и со позитивната практика во јавноста, за подрачјата кои ја гарантираат слободата на медиумите и изразувањето. Ова го констатирал специјалниот известувач на Обединетите нации за правото на слобода на мислење и изразување Франк Ла Ру по неколкудневниот престој во Македонија.

Франк Ла Ру

Ла Ру им порача на новинарите да не се плашат и да бидат независни. За него е непојмливо новинар кој наводно идентификувал заштитен сведок, да е притворен или да нема истрага за смрт на новинар кој загинал во сообраќајна несреќа, асоцирајќи на случаите со Кежаровски и Младенов. „Ова прашање го покренав пред Врховниот суд, пред министерствата за внатрешни работи и за правда и пред државниот обвинител. Сите ми го кажаа истото дека оваа несреќа не се истражува кривично затоа што се чини дека е сообраќајна несреќа. Се чини дека постои страв околу истражување на овој случај и страв да се открие“, рече Ла Ру.

Тој апелира до властите да го поканат во април повторно да дојде во Скопје пред финалниот извештај во јуни 2014-та година.

„Постои атмосфера на заплашување против каква било форма на критички печат кој има конкретни прашања на истражување или критика против актуелните функционери во власта“, изјави специјалниот известувач за слобода на мислење и изразување на ОН на денешната конференција за печатот.

Ла Ру не доби дозвола да го посети притворениот новинар Томислав Кежаровски.

„Бев одбиен од кривичниот суд, што мислам дека е погрешно толкување на законот, затоа што генерира чувство на неказнивост на државните постапки и чувство на тоа дека државата не е транспарентна и дека се обидува да одржи одреден степен на тајност и заговор“, изјави Ла Ру.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе