Прес-конференција на СДСМ

Кузеска: „Талир 2“ е можност ВМРО-ДПМНЕ да им ги врати парите на граѓаните

Пресудата во случајот „Талир 2" е победа на правдата врз најголемите корупциски скандали во државата и потврда за епските размери на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска. Таа нагласи дека е исправена уште една неправда нанесена врз грбот на граѓаните. „Судот со судска пресуда наложи заплена на луксузното седиште на ВМРО-ДПМНЕ и докажа дека Белиот дворец е стекнат на незаконски и криминален начин, со пари украдени од граѓаните, рече Кузеска и порача парите од криминалот да им се вратат на граѓаните. 

Не само Белиот дворец, запленет е и друг криминално стекнат имот на ВМРО-ДПМНЕ низ триесетина градови во земјава, додаде Кузеска.

„Криминалната шема на ВМРО-ДПМНЕ е  - грабај од граѓаните и трупај за себе, за партијата. И така 11 години. Додека граѓаните во тој период тешко живееја, ВМРО-ДПМНЕ си ја опремувало Белата плата со прескапи луксузи, со плочки од 100.000 евра, паркет од 76.000 евра, вазна од 180.000 евра“, рече портпаролката.

Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се водела од интересот на граѓаните и дека сѐ што правела, правела само за партијата, но и дека така е и денес.

„Сега, по правосилноста на пресудата, се отвора можноста запленетиот имот да се продаде или да се пренамени. Парите и имотот треба да се вратат кај оние од коишто се земени, а тоа е се граѓаните. Ова е правично и праведно, затоа што тоа се пари кои биле украдени од граѓаните. Ова е потврда за криминалот и корупцијата, дрското кршење на законите, за обидот на ВМРО-ДПМНЕ да се стави над сѐ, над Уставот, државата и граѓаните. Наместо да се измислиуваат оправдувања и вината да ја бараат на друго место, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да излезат пред граѓаните и да се извинат“, рече портпаролката на СДСМ.

Таа додаде дека треба да се извинат за целиот криминал, за грабежот што го направиле врз граѓаните и да побараат одговорност од секој што е вмешан во овој случај, а на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски му порача да собере храброст и да се соочи со реалноста дека правда има и пдека равда мора да има.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе