Портпаролката рече дека во време на најголема економска и енергетска криза по Втората светска војна, кога Собранието треба да носи брзи ефикасни решенија за граѓаните, Христијан Мицкоски најавува нови блокади.
„Наместо како институција за креирање подобри закони во секојдневната борба за заштита на стандардот на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го користат македонското Собрание за блокади. Ова покажува дека деструктивноста на Мицкоски и неговата политичка инструментализираност како послушик на Никола Груевски нема граници“, рече Кузеска.
Таа, меѓу другото, наброја дека Законот за Клинички центар, Законот за наставници и стручни сорабтници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијата се дел од десетиците закони во интерес на граѓаните кои ВМРО-ДПМНЕ ги блокира во Собранието.
„ВМРО-ДПМНЕ беше против покачувањето на минималната плата, беше против воведување поврат на ДДВ за физички лица, беше против петитот пакет финансиска помош за граѓаните и компаниите, блокираше средства од Светска банка за борба против пандемијата од ковид-19. Мицкоски е целосно и апсолутно незаинтересиран за било кој реален проблем на граѓаните, во паметот му е неговата партиска фотелја во ВМРО-ДПМНЕ и својата политичка агенда“, рече Кузеска.
СДСМ останува отворен за сите добронамерни конструктивни предлози, но со сите демократски и разумни методи ќе се спротивстави на блокади и вештачки кризи заради лични и партиски интереси на Мицкоски, рече портпаролката и порача: „СДСМ е одговорна партија и по секоја цена со сите, разумни општествени партнери ќе ги надмине блокадите на Мицкоски и криминалната ВМРО-ДПМНЕ“.