Прес-конференција на СДСМ

Кузеска: Мицкоски да се огради од обвинетите функционери и да поднесе оставка

Признанијата на вина пред судовите на функционери од врхушката на ВМРО-ДПМНЕ во предметите „Титаник“ и „Дизајн'“ се недвосмилена потврда како оваа партија ја злоупотребила власта и дејствувала како злосторничко здружение, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска нагласувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е истата режимска и нереформирана партија во чие раководство и натаму седат обвинети лица како Јанушев, Милошоски, Мисајловски и други. Кузеска порача лидерот Христијан Мицковски или да се огради од нив и да поднесе оставка.

Обвинетите функционери кои признаа вина проговорија како биле искористени сите начини, средства, како биле злоупотребени институцииите, не за да им се помогне на граѓаните, не за да се решат проблемите, само и само од коруптивни причини, за лично богатење, рече Кузеска.

Таа наведе дека поранешниот министер за транспорт и врски од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиевски пред судот признал дека била криминална набавката на 200 кинески автобуси во Скопје, случај во кој се злоупотребени 5 милиони евра. Мотивот, рече таа, бил коруптивен и ништо друго.

„Пред неколку дена, имаше уште едно признание за вина во случајот Титаник од страна на Гордана Јанкуловска, поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и Мартин Протуѓер, шеф на кабинет на Груевски и исто така генерален секретар. Со години била газена волјата на граѓаните и нивното изборно право, уценувале, местеле, злоупотребувале. Тројца генерални секетари на ВМРО-ДПМНЕ се вмешани во овој случај. Високата функционерка на ВМРО ДПМНЕ Елизабета Чингаровски исто така призна вина за незаконското финансирање на партијата, случај познат како Талир. Самоиницијативно, за виновни пред судот се изјаснија и советници од ВМРО-ДПМНЕ (Лазаров, Ристевски), но и многу други обвинети“, рече Кузеска и додаде ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, дека тоа е истата режимска, нереформирана партија.

Во Извршниот комитет и во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ уште седат обвинети во овие и други случаи, како Јанушев, Милошоски, Мисајловски, и други, додаде Кузеска.

„Во време кога се случувал овој криминал од огромни размери, кога заробената држава создавала режим за богатење на поединци, Христијан Мицкоски бил советник на Никола Груевски а потоа и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа до денеска, во ниту една изјава Христијан Мицкоски се нема оградено од криминалот на режимот, од криминалот на неговата ВМРО-ДПМНЕ. Напротив. Христијан Мицкоски треба да се огради, да побара одговорност од сите и да поднесе оставка. Не може политичар кој води нереформирана, заробена партија да понуди ништо друго за граѓаните“, изјави на прес-конференцијата Богданка Кузеска.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе