Прес-конференција на СДСМ

Кузеска: Градоначалникот Пецаков треба да одговара за свесно ширење на коронавирусот

„Скандалозно и крајно неодговорно е однесувањето на градоначалникот на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков, тој наместо во изолација како што му било одредено, додека го очекувал резултатот од тестот за ковид-19, се појави помеѓу охриѓани за Водици и ги стави во опасност сите присутни. Без маска и без никакво почитување на протоколите, Пецаков се ракуваше со граѓани, сопартијци и амбасадори“, рече порпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

„Ова не е само непочитување на одредбите и законите туку е и скандалозно однесување и непочитување на граѓаните, на охриѓани, но и непочитување на лекарите и медицинските лица. Неодговорноста е одлика на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Пецаков бил заедно и со Христијан Мицкоски, неговиот партиски шеф“, рече Кузеска на прес-конференција на СДСМ и го постави прашањето зошто Мицкоски молчи за ова скандалозно однесување на Пецакоцски и дали тој ќе го Пецаков на одговорност или ќе го штити.

„Или Христијан Мицкоски нема образ за ова затоа што и тој среде пандемијата шеташе по кафеани? Пецаков не треба да бара изговори со манипулации, за некакво скијање во Банско, туку да одговара“, рече портпаролката на СДСМ.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе