Поради изјавите на Каракачанов

Кумановскиот градоначалник бара протестна нота до Бугарија

Градоналникот на Куманово Максим Димитриевски реагира преку својот Фејсбук и бара прекин на преговорите на македонската Влада со бугарската страна и протестна нота која македонското Министерство за надворешни работи ќе ја упати до официјална Софија. Повод се последните шовинистички изјави на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов.

„Срамни и понижувачки се ваквите шовинистички изјави на Каракачанов. Доколку премиерот на Република Бугарија Борисов не се огради од ваквите навредливи изјави на неговиот вицепремиер Каракачанов потребно е да се стопираат разговорите и преговорите во врска со едностраниот спор. Да се изгради сеопшт национален консензус во Македонија по прашањето и да се продолжи понатаму со разумни луѓе од другата страна кои што нема да провоцираат и собираат евтини политички поени туку ќе бараат решение. Ваквата изјава е навреда не само за премиерот туку и за целиот Македонски народ и сите наши граѓани. Очекувам дека и колевката на демократијата и човековите права и слободи Европската Унија и официјално ќе ги осуди ваквите навредливи изјави од страна на бугарските официјални лица.Министерството за надворешни работи веднаш треба да го повика бугарскиот амбасадор и да му врачи остра протесна нота“, бара градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

Тој деновиве реагираше и на интервјуто на премиерот Заев, како и потоа на изјавите на Каракачанов и категорично изјави дека Куманово во 1944 година било ослободено од македонските партизани.

„Куманово го ослободија Седумнаесетата и Осумнаесетата македонска партизанска бригада. Куманово во НОБ даде над осумстотини партизански жртви и двојно повеќе цивили“, изјави Димитриевски.

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе