Премиерот по работниот ручек во Тирана

Заев: Културно-информативен центар ќе биде мост за зближување меѓу народите

Премиерот Зоран Заев денеска по работниот ручек на лидерите на Западен Балкан со германската канцеларка Ангела Меркел го посети новоотворениот Културно-информативен центар на Северна Македонија во Тирана. Заев, во изјава за медиумите истакна дека отворањето на овој културен центар ќе придонесе за популаризација и презентирање на традицијата, културата и уметноста на нашата земја во Албанија, и ќе овозможи навремено и изворно информирање на граѓаните за актуелните културни текови во нашата држава.

Со отворањето на македонскиот Културно-информативен центар овде во Тирана додадовме уште една алка во широкиот спектар за соработка и зајакнување на пријателството меѓу Албанија и Северна Македонија. Благодарение на поддршката на премиерот Еди Рама, како и на силно изразената волја овој проект да се реализира на министерствата за надворешни работи и култура на двете земји, започна со работа Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Тирана. Реализиравме со успех една идеја која започнавме да ја осмислуваме и градиме уште од почетокот на мандатот на оваа Влада во 2017 година, рече Заев.

Цврсто бевме решени да започнеме да испишуваме нови, со суштинска содржина исполнети страници на пријателство меѓу Северна Македонија и Албанија, додаде тој.

„Препознавме дека со една поинтензивна и разновидна културна програма можеме да дадеме сериозен придонес за збогатување и осовременување на традиционално добрите односи меѓу двете земји“, смета Заев.

КИЦ во Тирана, според него, ќе биде мост за зближување и заемно запознавање меѓу народите на двете земји, ќе биде место за средби и место за иницирање на нови идеи за многубројни взаемни активности во областа на културата и тоа во музичко-сценската, драмската, литературната и издавачката дејност, уште едно место за презентација и афирмација за традиционалното учество на албанските поети и писатели на книжевните манифестации во Република Северна Македонија, како што се Струшките вечери на поезијата или за претставувањето на македонската книжевност на Интернационалниот саем на книгата во Тирана.

„Во Културно-информативниот центар во Тирана, Македонците во Албанија добиваат свое место на кое се секогаш добредојдени за да бидат во директен контакт со културните и другите процеси во Северна Македонија. Во оваа прилика сакам да нагласам дека од наша страна ќе направиме сѐ што е потребно да го забрзаме процесот за отворање на Културно-информативниот центар на Албанија во Скопје“, рече Заев.

Сакаме, потенцира тој, колку што е можно поскоро да се воспостави реципроцитет за презентација и на албанската култура во Северна Македонија преку организирање разни настани, изложби, литературни и научни предавања, филмски проекции, промоција во медиумите и обезбедување информативни услуги за заинтересираните граѓани.

„Овие иницијативи се сериозни изрази на длабокото и искрено пријателство меѓу двете земји. Тие се израз на европскиот дух што автентично го негуваат и афирмираат и Албанија и Северна Македонија како соседни земји кои се почитуваат и заеднички ги практикуваат европските вредности за добрососедство. Овие вредности се доказ дека и двете земји се дел од европското семејство, дека таму припаѓаат, и дека со многу исполнети критериуми го заслужуваат и формално своето место во заедничкиот дом – Европската Унија“, рече премиерот Заев.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе