Спасовски објаснува

Кризната состојба не значи повеќе полиција и војска на улиците, распоредени се каде што треба

Прогласувањето на кризната состојба не значи дека граѓаните ќе гледаат зголемен број полицајци или војници по улиците заради спроведување на мерките, туку можност сите ресурси во државата да се искористат максимално во координација на сите надлежни органии и институции, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Од безбедносен аспект, како што рече, состојбата е мирна, стабилна без разлика на тоа што имаме прогласено кризна состојба, пред сѐ за справувањето со ковид кризата.

„Ангажманите на полицијата се на едно повисоко ниво во делот на спроведувањето на законските надлежности уште од самиот почеток на кризата во март годинава, меѓутоа сега носењето на одлука за прогласување на кризна состојба на територијата на целата држава беше со цел да можеме полесно да координираме, да  превенираме и да се справуваме со состојбата  која што е од ковид-19. Кризната состојба сама по себе не е состојба во која што граѓаните или кој било друг ќе види многу полиција на улиците или многу армија за спроведување на мерките“, рече Спасовски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција. 

Според него, целта е сите државни институции да бидат ставени на располагање да можат да се вклучат во битката против ковид -19, но и согласно Законот за кризна состојба да можат да се искористат сите ресурси вклучително и приватните.

„Од тој аспект можам да кажам дека веќе оперативно заеднички функционираме со армијата, веќе се распоредени луѓе за обезбедување односно припадници на полицијата и на Армијата на објектите каде што за тоа имаме потреба. Акцискиот план се спроведува врз основа на проценките и на групата за проценка и на Главниот штаб и ресурсите во овој период мора да бидат користени многу рационално, внимателно и многу паметно. Тоа е важно за да ја постигнеме целта што ја имаме“, рече Спасовски.

Тој додаде и дека се забележува поголемо почитување на заштитните мерки, оти се чувствува едно повисоко ниво на свесност на граѓаните за оваа состојба и апелираше до сите да се однесуваат совесно.

 

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе