Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ: Бугарскиот предлог е капитулација

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта дека со новиот француски предлог ги прифатила сите бугарски барања, а премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи ја капитулираат Македонија.

„Ковачевски, Османи и Маричиќ се на пат да спроведат бугаризација. Ова не смее да помине. Предлогот кој Ковачевски, Османи, Пендаровски и останатите го претставуваат како модифицирана верзија, всушност е истата која наводно ја одбија пред една недела. Тоа е првата лага на Владата. Во овој предлог наместо отворање на европерспектива, се овозможува легална рамка Бугарија да условува со идентитетски теми, јазикот, историјата, промени на учебници, споменици, настани и други понижувачки барања.

Тоа Османи и Ковачевски ѝ го обезбедуваат на бугарската страна преку годишните извештаи за спроведувањето на членот 12 од билатералниот договор од 2017 кој што се однесува токму на овие чувствителни прашања. Па така ако на Бугарија не ѝ се допадне некоја реченица во учебник, некоја лекција за Гоце Делчев или Илинденското востание, тие преку овој механизам би го блокирале пристапувањето на Македонија, само затоа што на тоа се согласила нашата страна.

Согласно овој Протокол, кој владата го нарекува годишен извештај, а кој е дел од условите за преговори,  Македонија се обврзува на промена на учебник по географија за 7 одделение до почетокот на идната учебна година, промена на лекциите за Цар Самоил согласно одлуките на Комисијата за историја, заеднички годишен календар за 2022 и 2023 година за заеднички прослави на заеднички историски настани и личности“, изјави Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Владата сака да скрие дел од Протоколот, а тоа е, како што вели, срамно, капитулација, свесна согласност на владата за прифаќање на сите бугарски барања, прифаќање на асимилација како услов за членство.

„И самиот фактички почеток на преговорите, односно отворањето на кластери е условено со промена на македонскиот Устав. Ова само покажува дека се работи за усложнување на процесот на преговори кој не важел за ниту една земја кандидат претходно. Со други зборови ако се прифати предлогот самите како земја даваме согласност Бугарија да има право да блокира постојано и на тој начин или ќе станеме вечни преговарачи или пак ќе се асимилираме по бугарски диктат.

Македонија мора да бара евроинтеграцијата да се води исклучиво на досегашните европски принципи и вредности, а не преку ултиматуми и уцени“, рече Ковачки и ги повика граѓаните вечер да излезат на протест.

 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе