„Наместо тоа се служи напади и обвинувања кои не држат никаква вода. Неспорно е дека уште во 2007 година кога неспорно земјиштето било во посед на министерката Петровска, било празно, а во 2009 веќе, тоа може да се види и на Гугл, има направено некоја дивоградба. После тоа е надградувана во 2016 со базен и други објекти,“ рече Ковачки.
Ковачки посочи дека Петровска кажува дека во 2011 или 2012 година го продала земјиштето, но директорот на катастар пак дека било во 2020 и додаде дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ го кажува е дека таа била должна да го пријави тој имот.
„На помош и дојде директорот на Катастар, Тунџев кој деновиве гледаме дека е во уште еден голем скандал со издавање на тендери. Се обиде да ја правда и испере, па кажа дека до 2020 било земјиштето нејзино. Но, тоа што ние го кажуваме е дека земјиштето било во сопственост на министерката Славјанка Петровска, односно на нејзиниот родител и по закон за спречување на корупција таа била должна да пријави таков имот, каде сметките пристигнувале на нејзиниот татко,“ истакна Ковачки.
Ковачки потенцира дека сите овие закани, уцени и омаловажувања кои ги прават СДС, Ковачевски и Петровска против пратеник кој ја говори вистината во интерес на јавноста во најмала рака се некоректни и недемократски.
„Јавноста има право да знае кој го води министерството за одбрана. Таа покажува доза на нервоза, но човечки е да излезе и да понесе одговорност, а не да крие имот и да напаѓа,“ вели тој.