Партиски препукувања

Ковачки: Дали роднина го спасил Ковачевски од војска? СДСМ: „Злоупотребивте починати лица“

Дали за впишување на состојбата - трајно неспособен за служење на воен рок на Ковачевски му помогнал и негов близок роднина Александар Ковачевски кој во тоа време бил началник во Министерството за одбрана и одговорен за Куманово, праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачев, а од СДСМ реплицираат дека ВМРО-ДПМНЕ падна прениско „ја злоупотрбува трагичната судбина на починатиот Александар Ковачевски, кому му починаа две деца“.

„Ајде дезертеру Ковачевски, охрабри се и кажи, дали си трајно неспособен или си лажел пред АРМ за да избегнеш служење на војска. Што е толку тешко? Нема трето. Или си трајно неспособен или си лажел. И едното и другото се подеднакво лоши, бидејќи таков човек не смее да ја води државата. Тогаш кога дезертерот Ковачевски ќе одлучи да одговори, нека одговори и дали за впишување на неговата состојба како трајно неспособен помогнал и негов близок роднина Александар Ковачевски кој во тоа време бил началник во Министерството за одбрана и одговорен за Куманово?

Дали дезертерот Ковачевски ја злоупотребил моќта на својот близок роднина и избегал од служење војска и од регрутација во 2001 година? Дали додека стотици мажи од Куманово одеа на регрутација и се одважија да ја бранат Македонија, дезертерот Ковачевски се сокрил зад функцијата на својот близок роднина и се пишал како трајно неспособен?

Единствен начин да дознаеме доколку дезертерот Ковачевски одбива да признае, е судот веднаш да почне постапка за одземање на деловната способност“, рече на прес-конференција Драган Ковачев од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ реплицираа со соопштение во кое е наведено:

„ВМРО-ДПМНЕ падна прениско. Ова што го прави очајниот шпицен градоначалник Христијан Мицкоски е под секое човечко, културно и политичко ниво. Не поминаа селективно фабрикуваните лаги за претседателот Ковачевски и сега Драган Ковачки оди уште пониско, злоупотребува починати лица.

Зарем за ВМРО-ДПМНЕ е нормално за политички цели да се злоупотребува трагичната судбина на починатиот Александар Ковачевски, на кому му починаа две деца? До толку ли ниско се паднати да немаат ниту срам ниту елементарно достоинство?

Политичката култура на СДСМ не дозволува дебатата да падне толку ниско како што посакува ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски мисли дека на ваков начин ќе отргне внимание од јавноста за криминалните скандали во град Скопје, за случувањата во ВМРО-ДПМНЕ и фактот што загуби на вонредните локални избори? ВМРО-ДПМНЕ не се менува, а скандалите во Град Скопје само потврдуваат дека не  само што партијата не е реформирана, туку дополнително криминализирана. Граѓаните тоа го гледаат и самите ќе судат“.

 

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе