Ковачевски во ОН: За европскиот мир мора да се осигура евроинтеграцискиот демократски пат на Западниот Балкан

„Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат најголем кредит, бидејќи предолго го чекаа овој момент. Разбирам зошто се чувствуваат фрустрирано и уморно одејќи по тој долг пат кон Европа. Но, ние немаме друга алтернатива која ќе ни овозможи подобар животен стандард“, нагласи попладнево премиерот Димитар Ковачевски на Генералната дебата на 77-то Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк (САД).

Премиерот нагласи дека и покрај сите потешкотии, Европската Унија е се уште најдобрата опција.

„Ние едноставно ја немаме ниту можноста, ниту привилегијата да се откажеме сега. Сега е вистинското време да продолжиме со полна пареа уште побрзо напред. Членството на Северна Македонија во ЕУ е од суштинско значење и за самата ЕУ посебно во новите околности на глобален план“, истакна Ковачевски кој додаде дека мора да се осигура евроинтеграцискиот демократски пат на Западниот Балкан како придонес во европскиот мир.

Тој посочи дека Македонија работи низ фокус на решенија и низ заедништво во предизвиците кои не познаваат државни граници, етнички, јазични, религиски или други разлики.

„Сите сме на истиот брод и немаме друг избор освен солидарно да се поставиме едни кон други и обединето да дејствуваме во одбраната и унапредувањето на основните вредности – слободата и мирот во светот. Мирот се постигнува преку компромиси, но се чува со меѓусебно разбирање“, рече премиерот.

Ковачевски во својот говор се осврна и на руската агресија врз Украина, нагласувајќи оти загрижувачки е тоа што агресијата доаѓа од постојана членка на Советот за безбедност на ОН – Руската Федерација и тоа што низ насилство одлучува да решава предизвик. Покажувањето сила на една географски помала држава определена да споделува деморкатски вредности, според премиерот, е недозволив преседан.

„Силата е во заедништвото, оваа лекција дека здружено можеме повеќе отколку сами, денес светот ја учи во неочекуваните околности во кои сме соочени, прво пандемијата сега и суровата војна во Украина, неопходно е заедништво на демократскиот свет“, заклучи Ковачевски, повикувајќи на решенија низ солидарност, одржливост и наука.

Во обраќањето пред светските лидери тој се осврна и на нарушеното снабдување со храна на светот, бегалскиот бран предизвикан од конфликтот, како и климатските промени и природните катстрафи предизвикани од нив.

„Цел на Северна Македонија е мир. Ние сме земја која учи дека пријателството зависи од заедништото. Нашата земја  е пример за мултиетничка демократија во регоинот и во светот, и значаен партнер на ЕУ и на сојузниците од НАТО“, рече Ковачевски.

Тема на годинашната генерална дебата е „Tрансформативни решенија на испреплетени предизвици“.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе