Ковачевски со највисоки државни почести пречекан во Софија, утре заедничка владина седница

Со највисоки државни почести и церемонија која што се одржа попладнево на плоштадот во Софија бугарскиот премиер Кирил Петков го пречека македонскиот премиер Димитар Ковачевски кој ја предводи владината делегација.

Двајцата премиери положија цвеќе на гробот на незнајниот јунак, како и пред споменикот на Св. Кирил и Методиј, по што заминаа во посета на Софискиот универзитет. 

Македонската делегација е во дводневан официјална посета на Софија, а утре двете влади ќе одржат и заедничка седница во резиденцијата „Бојана“. Ковачевски и Петков ќе имаат воведно обраќање, а според програма, ќе се потпишат и неколку билатерални документи. 

Според најавите, двете влади утре ќе разговараат за забрзување на изградбата на автопатот на Коридорот 8, за новиот граничен премин Клепало, составување на комисиите за економија и стопанска соработка, образование, култура, иновации…

 

Заедничката владина седница се одржува само една недела официјалната посета на бугарскиот премиер Петков на Скопје. Македонија и Бугарија во наредниот период треба преку состаноците на работните групи да ги приближат позициите во повеќе сфери, да се фокусираат на она што е практично остварливо во моментот, а со тоа да се отвори пат и за пронаоѓање решенија за потешките прашања и конечно надминување на спорот и одблокирање на почетокот на првата меѓувладина конференција на Македонија и Европската Унија.

Премиерите најавија пет работни групи, а формирани се четири, за економија, трговија и иновации, за инфраструктура, транспорт и поврзување, за европска интеграција и зелени политики и за култура, наука и образование, а петтата е историската, но таа област ќе ја покрива Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања.

Во делегацијата предводена од премиерот Ковачевски се првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерите Славица Грковска и Фатмир Битиќи, потоа министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за земјоделство Љупчо Николовски, министерот за образование Јетон Шаќири, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за животна средина Насер Нуредини и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.

 

Од Софија, Жана П. Божиновска

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе