„Во оваа базилика на Санта Марија Маџоре папата Адријан Втори во 868 година ги освети донесените словенски книги во Рим од светите браќа Константин Кирил и Методиј, создавачите на словенската писменост. Од благодарниот македонски народ", гласи текстот во чест на Свети Кирил и Методиј, што на македонски јазик, заедно со италијанскиот, е испишан на спомен плочата поставена во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим.
Во деветтиот век базиликата Санта Марија Маџоре била времено седиште на римскиот папа сѐ додека папската резиденција не била преместена во палатата во Ватикан, каде се наоѓа и денес.