Ковачевски: Политичари како Костадинов не се пожелни во Македонија

Премиерот Димитар Ковачевски по денешната посета на на делницата Крупиште-Кочани и на фирми во Штип изјави дека политичари како бугарскиот пратеник Костадин Костадинов не се пожелни во Македонија откако тој вчера при отворањето на Бугарскиот културен центар во Скопје изјави дека Бугарија и Македонија се две држави со еден народ, со заедничко минато.

„Како што министерството за надворешни работи но и министерката за култура го осудија така и јас го осудувам непримерното однесување на Костадинов. Непримерно е човек кој што е дојден како гостин во ваа држава да се однесува на таков начин. Вчера беше чин на отворање на Бугарски културен центар во Скопје, така како што личи, на ист начин како што кажав дека ќе отвориме македонски културен центар во Благоевград каков што имаме и во Софија. Такви политичари како тој вчера и уште еден што мене ми правеше видеа воопшто не се пожелни во нашата држава бидејќи нивната политичка агенда е ширење на немир и нетрпение помеѓу двете држави и народи само поради свој политички интерес. Тие воопшто не мора да доаѓаат тука", изјави премиерот Ковачевски.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе