Рим

Ковачевски – Петков: Процесот на пристапување да се откочи со решенија засновани на европски вредности

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски на маргините на неговата работна посета на Ватикан и Рим по повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, денеска оствари средба со неговиот бугарски колега Кирил Петков, соопшти владината прес-служба.

На средбата, на која присуствуваа и министрите за надворешни работи на двете земји, Бујар Османи и Теодора Генчовска, премиерите Ковачевски и Петков имаа конструктивен разговор не само за отворените политички прашања туку и за економската криза со која се соочува целиот свет. Истакнато беше дека Владата на Северна Македонија има јасна цел која се однесува на справување со кризата, заштита на стандардот на најранливите категории на граѓани, поддршка на компаниите за да бидат ликвидни и обезбедување на соодветни инвестиции кои ќе го покренат економскиот раст, се наведува во соопштението. 

На средбата, премиерите Ковачевски и Петков, од ресорните министри беа информирани за разговорите на министерско ниво, за што се согласија дека е потребно истите да продолжат со цел да се дојде до документ кој би бил прифатлив за двете држави и би можел да претставува основа за решение коешто би можело да биде споделено со институциите во двете држави.

Средбата се искористи и за разговор врзан за потребата од продолжување на дијалогот за деблокирање на процесот за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. Премиерот Ковачевски во разговорот со премиерот Петков истакна дека за двете земји од најголема придобивка е процесот на пристапување да се откочи со решенија засновани на европски вредности поддржани и прифатени од двете страни со почитување на достоинството на граѓаните, се додава во соопштението. 

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе