Ковачевски од Крушево: Илинден е идеја за заедништво и прогрес што гради мостови

Со интонирањето на државната химна од страна оперската певица Весна Ѓиновска Илкова, во придружба на Воениот оркестар на Армијата на Република Македонија, по што следеше обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски, денеска на Мечкин Камен во Крушево, во присуство на многубројни гости и со сите почести се славеше големиот државен празник 2 Август, Денот на Републиката – Илинден.

Во духот на сплотеноста и вековниот стремеж за демократска и просперитетна заедничка татковина, на Мечкин Камен прозвучеа фолклорно друштво „Студио Фолклор-Скопје", „Влашки хор-Крушево", Национална установа - Ансамбл на албански народни ора и песни во Република Македонија, а настапуваа и Национална установа - Ансамбл за народни игри и песни „Танец" како и Воениот оркестар на Армијата на Република Македонија.

На илинденските празнувања на Мечкин Камен кои симболично отпочнаа со пристигнувањето на коњаницата, присуствуваше и висока владина делегација предводена од премиерот Ковачевски во состав: заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која положи цвеќе на споменикот на Мечкин Камен.

Во оваа прилика Премиерот порача:

„Илинден е длабоко врежан во нашиот код. Илинден е нашиот код. Тоа е идеја за заедништво и прогрес што гради мостови. Не руши!

Поврзува! Не дели!

Не мрази! Сака!

Не блокира! Развива!

Не изолира! Интегрира!

Стоиме денес исправени во чест на нашето минато и оддаваме длабока почит на илинденците, кои пред повеќе од еден век ја создадоа Крушевската Република, заснована врз длабоки демократски принципи и еднаквост - и даваме збор. Идејата илинденска и асномска, за светла и перспективна македонска иднина - и генерациите на денешнината ја имаат пред себе – и од неа назад – нема! Има само напред!

Илинденците со оружје во рака се бореле за ние денес да можеме да водиме други, поинакви битки, за развој и просперитет на сите граѓани подеднакво.

Денес, нашиот поглед е свртен кон иднината, исто како и погледот на илинденците и во 903-та и во 44-та и во 91-та. Сега е време за обединување, за заедништво, за верба во подобро утре, но пред сѐ за посветена работа за да развиеме силна, успешна и просперитетна европска држава. Ние никогаш нема да заборавиме кои сме и од каде доаѓаме, а тоа ќе е нашата сила храбро да зачекориме и да отвориме ново поглавје во македонската историја. Нека им е вечна слава на илинденците! Нека ни е честита Слободата и Републиката!", порача Ковачевски и додаде дека нема поголем државен приоритет од патот напред, којшто носи перспективи за иднината на младите и економски напредок за граѓаните.

Премиерот Ковачевски порача дека тоа е можно со интеграцијата во европското семејство и затоа повика на обединување на генерациите на денешнината во остварувањето на оваа стратешка државна цел.

„Нејзините корени се во Илинден и затоа, Илинден нека биде нашата сила за нашата иднина", додаде Ковачевски.

Премиерот Ковачевски во рамки на празнувањето на двата Илиндена, синоќа присуствуваше и се обрати и на означувањето на почетокот на традиционалната манифестацијата „Десет дена Крушевска Република", во чии рамки преку културните настани на различни локации во градот се претставува традицијата и историјата на Крушево.

Прославата на големиот државен празник Илинден под слоганот „Нашата сила за иднината" годинава традиционално се одржа на повеќе локации, во Скопје, Пелинце, Крушево и во Смилево, во организација и координација на Владата на Република Македонија.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе