Скопје-Софија

Ковачевски: Не се врзуваме со датуми. Петков: Во мај нема да се потпише ништо

Министерствата за надворешните работи на Македонија и Бугарија комуницираат, но немаат усогласено документ кој може да биде основа за носење одлуки во двете држави, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Според Ковачевски, на земјава ѝ треба решение кое ќе биде прифатено во двете држави и за кое ќе постои консензус.

„Што се однесува до јуни како некаков датум, точно е дека тогаш ќе има Самит на ЕУ, но ние воопшто не се врзувавме со датуми зашто ни треба решение кое ќе биде прифатено во двете држави и за кое ќе постои консензус, бидејќи тоа треба да биде основа за градење на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија во иднина, како меѓу себе, така и во рамки на ЕУ“, изјави Ковачевски на прашањето со какви пораки се враќа од Брисел и дали има поголем оптимизам сега за придвижување на работите во јуни.

Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на фабриката „Брако“ во Велес, тој  

потврди дека со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел разговарал за проширувањето на ЕУ и за статусот на преговорите со Бугарија. Во овој контекст повтори дека преговорите се водат принципиелно, врз основа на европските вредности, врз основа на достоинство и почит меѓу политичарите. 

Во меѓувреме бугарскиот премиер Кирил Петков рече дека разговорите меѓу владите на Северна Македонија и Бугарија продoлжуваат, но ги отфрла тврдењата дека ќе биде потпишан конкретен договор во тек на посетата на бугарската делегација на Северна Македонија на 22 мај. Тој, како што објави БГНЕС исто така уверил дека продолжуваат разговорите меѓу двете влади.

„Средбата сѐ уште не е финализирана, но едно е сигурно, ние само го продолжуваме конструктивниот дијалог, но нема да биде потпишано ништо конкретно“, рекол Петков.

 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе