Средба со евроамбасадорот Гир

Ковачевски: На иста линија сме со ЕУ, САД и НАТО во поглед на Украина

„Премиерот Димитар Ковачевски ја потврди позицијата на Република Северна Македонија во согласност со позициите на нашите стратегиски партнери ЕУ, НАТО и САД, за најостра осуда на руската инвазија на Украина и поддршка и придружување на санкциите кон Руската Федерација“, се вели во владиното соопштение за средбата на премиерот со амбасадорот на ЕУ во земјава Дејвид Гир. На состанокот, како што се информира, е поздравено лидерството на Владата и брзата реакција за ситуацијата во Украина.

На средбата станало збор и за важноста на европските перспективи на земјава, што според соопштениет, ќе значи охрабрување за европерспективите и на сите други држави од Западен Балкан.

„Претседателот на Владата Ковачевски рече дека на домашен план Владата е фокусирана кон поддршка на животниот стандард на граѓаните и на компаниите и во насока на надминување на предизвиците од енергетската ситуација. Во врска со односите со Бугарија, премиерот Ковачевски истакна дека разговорите на премиерско ниво и меѓу членовите на работните групи се поставени на достоинствено ниво, со цел постигнување логички решенија врз база меѓусебно почитување и разбирање“, информира владината служба за средбата со амбасадорот Гир.

На крајот се вели дека станало збор и за значењето на имплементацијата на европските проекти финансирани со европски пари, „за што е констатирано дека е потребно одговорно однесување на локално ниво и од надлежните органи и институции“.

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе