Претседателот на Европскиот совет кај премиерот

Ковачевски и Мишел: Францускиот предлог ги вклучува сите македонски позиции

Европскиот предлог за отпочнување на преговорите за Северна Македонија ги вклучува сите македонски позиции и забелешки и преговорите може да почнат веднаш по одобрување на истиот, потенцирале премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на средбата во Владата, информира владината прес-служба. Предлогот, истакнале Ковачевски и Мишел, предвидува чист македонски јазик, еднаков со останатите јазици на земјите членки на ЕУ.

„На средбата од страна на претседателот на Европскиот совет Мишел уште еднаш беше потенцирана поддршката и заложбата на Европската Унија за почеток на преговорите со Северна Македонија, посочувајќи дека ова се клучни моменти за напредокот на нашата држава од економски, политички и социолошки аспект.

Премиерот Ковачевски истакна дека поддршката на Европската Унија во процесот на интеграција на Северна Македонија, е од особено значење за државата во исполнувањето на основата стратешка цел, а тоа полноправното членство во ЕУ“, пишува во соопштението.

Премиерот Ковачевски, како што е наведено во соопштението, на средбата потенцирал дека во изминатите денови предлогот од француското претседателство бил дискутиран на консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите, како и со опозициските партии.

Во рамки на посетата, претседателот на Европскиот совет Мишел ќе присуствува на денешната владина седница, а потоа со премиерот Ковачевски ќе одржат заедничка прес-конференција за медиуми.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе